За нас
Корисниците пред сè
Tiverio се залага за своите корисници, па затоа и корисниците го сакаат и му веруваат на Tiverio! Секојдневно вредно работиме за да ги исполниме желбите и потребите на нашите купувачи и постојано да ги надминуваме нивните очекувања. Нашите атрактивни производи истовремено носат нови, забавни искуства за корисниците по супер цена.
Секогаш со многу разум и разбирање
Тимот на Tiverio созреа и порасна, но успеа да го зачува детето во себе и постојано да Ве радува, забавува, изненадува и да внесува бои во здодевното секојдневие. Сите Tiverio зделки, изненадувања, кампањи, наградни игри и акции се смислени со одличен спој на срце и разум, сè со цел вистински да ги израдуваат корисниците и да изградат нераскинлива врска меѓу Tiverio, и крајниот корисник.
Тимот на Tiverio
Во услови на постојани промени на пазарот, предизвици и конкуренција, тимот на Tiverio секогаш мора да е спремен за иновација, креативност, брзо решавање на проблемите и чекорење напред. Креативноста, стручноста и тимскиот дух се чувствуваат во воздухот, а таа магија со години привлекува вредни и посветени вработени, кој со своето знаење и пасија го прават Tiverio најдобриот и највозбудливиот сајт за online купување.
Гледаме напред
Иако сме горди на нашето минато и секогаш со задоволство се сеќаваме на почетоците, сепак најмногу сме посветени на иднината и на она што допрва ќе го оствариме. Вашите желби и потреби се наш водич за иднината. Вие, нашите корисници, не правите она што денес ние сме на пазарот.
Нашата Визија
Нашата визија е да ги развиеме сите аспекти на е-трговијата, и да го претвориме Tiverio во најголемата платформа за е-трговија на македонскиот пазарот, корисниците тука можат да најдат буквално се што им е потребно од производи за дом и градина, до производи за нега и убавина, гардероба, куфери, детски играчки, производи за слабеење и фитнес, електроника, да бидат во тек со најновите попусти, да го најдат совршениот подарок за себе, своите најблиски, а секако се од тоа да го направат од удобноста на својот дом, или од каде и да се, преку нашата веб страна, на Facebook, Instagram, Viber или преку телефон.
Нашата мисија
Мисијата на Tiverio е да одговориме на Вашите барања и да го олесниме Вашето секојдневие со користењето на производите кои ги нудиме.
Tiverio Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.tiverio.com
Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА
НИКМИТ ВЕБСТОРЕ Доо увоз – извоз Струмица
Адреса: Ленинова44 - ГТЦ Глобал кат02 лок47, Струмица, 2400, Република Северна Македонија
Контакт: tiverioshop@gmail.com
Web: https://tiverio.com
Телефон: 076 337 003
Шифра на дејност: 47.91 Трговија на мало преку пошта и интернет