Детска играчка Lovely Corgi

Код на Производот: NK49

Достапност:Има на залиха

2,490 ден 1,990 ден 1,990

Зарем некој може да одолее на мало плишано кученце од расата корги кое прави најразлични мили звуци и преслатки движења, а пак згора на сè и игра на различни песни? Ова забавно милениче е наменето за најмалите во куќата. Има најразлични функции, како што се: движење напред и назад, свртување, поместување на главата, движења со колковите за играње на музика и при допир на главата, Lovely Corgi ќе комуницира со Вашето малечко.

 

Со крзнени уши, крзнена опашка и светлечки очи, ова забавно милениче ќе ја наполни куќата со среќа. Освен кучешки звуци, оваа куче испушта звуци и од други домашни миленичиња со што помага во учењето на другите домашни миленичиња на Вашите најмали. Кога ќе го допрете на главата, кученцето веднаш започнува да танцува, да зборува, да мавта со пашката и едноставно да зрачи позитивни вибрации за Вашето дете.

 

Карактеристики:

 

  • Движење напред, назад, свртување и движење на колковите
  • Имитира звуци на други животни
  • Комуницира при допирање на плишаната главата
  • Танцува на различни мелодии