Мултифункционална фитнес справа за вежбање

Код на Производот: fitneslastici

Достапност:Има на залиха

599 ден 599

Доведете го Вашиот изглед до совршенство со новата мултифункционална фитнес справа за вежбање. Таа е идеалниот производ за секаков вид на вежбачи без разлика дали се работи за почетници или веќе искусни вежбачи. Нема да имате потреба секојдневно да посетувате теретана, со оваа справа се што ви е потребно ќе го имате дома.  Самата справа е составена од 5 различни ластици, секој со различен отпор што ќе одговара за секого и за секоја тежина. Колку е потемна бојата, толку отпорот на ластикот е поголем. Ќе можете во исто време да поставувате повеќе од еден ластик, со што Вие самите ќе си ја темпирате тежината и отпорот при вежбањето.

- жолт ластик – 5кг

-црвен ластик- 7.5кг

-син ластик – 10кг

-зелен ластик 12.5кг

-црн ластик-15кг

Самите рачки на справата се меки и многу удобни за Вашите раце. Целата справа е изработена од високо квалитетни материјали што значи дека е многу издржлива и квалитетна за употреба. Ластиците со отпор се изработени од природен латекс.Лесно се поставува на секоја врата за неколку секунди, без потреба на било каков алат.  Мултифункционалноста на справата Ви овозможува да го оформите целото тело. Со неа ќе можете без проблем да оформите бицепс, трицепс, гради, нозе, грб, стомачни, странични стомачни и се друго што ќе посакате. Идеална е во комбинација со аеробик, пилатес, кросфит, тренинг за затегнување, тренинг за моќност...

Одлична е и за мажи и за жени. Целиот комплет не зафаќа воопшто простор па така многу лесно ќе и го најдете идеалното место во Вашиот дом. Пробајте ја и заблагодарете ни се подоцна за изборот, додека уживате во сопственото тело кое ќе биде многу поздраво и поцврсто.