Код на Производот: multinamenska-super-cetka-za-cistenje
Достапност:Има на залиха
Количина
Исчистете ги сите лесно и тешко достапни површини во домот за експресно време со помош на новата мултинаменска супер четка за чистење која нуди безброј опции погодни за секаков вид површини и најразлични предизвици.
Четката е составена од четири разновидни делови за чистење што Ви овозможува длабинско и темелно чистење на секаков вид површина без разлика дали се работи за Вашите прозорци, плочките и фугата во бањата, кујнските апарати, подот или пак балконот. Со леснотија ќе можете да ги заменувате деловите во зависност од потребата и Вашиот дом да заблеска за многу кратко време.
Четката нуди и опција за поставување на шише со течност за чистење или пак обична вода и дел за распрскување со две опции на млазот, што значи дека комплетно сите Ваши потребни алатки за чистење се вметнати во овој иновативен производ и нема да имате потреба да набавувате дополнителна опрема за чистење.
Со помош на флексибилните влакна кои ги поседува четката, длабински ќе можете да исчистите мувла, тврдокорни дамки и корозија без никаков проблем.
Благодарение на иновативниот и уникатен дизајн, четката ќе можете да ја складирате каде и да посакате, исто така има опција и да ја закачете на ѕидот па таа да биде спремна за следниот предизвик.
Овој производ може значително да ви го олесни секојдневието и да ви заштеди многу време и енергија додека ги извршувате секојдневните обврски околу домот. Побрзајте и нарачете ја, со сигурност Ве уверуваме дека нема да погрешите.