Потпирачки масажер за фотелја и во кола

Код на Производот: AMB41

Достапност:Има на залиха

2,800 ден 899 ден 899

Овој ортопедски потпирачки масажер нуди 3 различни типови на масажа со по 3 брзини, контрола на топлина (вграден греач), прилагодлива поддршка на половината и управување со далечински управувач.  Потпирачот за масажер доаѓа во уникатна големина што го покрива целото седиште е идеално за употреба во автомобил, во домот или канцеларија односно на Вашето работно место. Вертикалното и кружното движење на масажерите ќе ја намалат тензијата, болката и вознемиреноста на грбот, вратот и рамената за луѓето кои страдаат од болки во грбот, половините, вратот или било каква друга непријатност или вкочанетост.

Може да се подигне и погоре и еден од масажерите да доаѓа точно на вашиот врат и на тој начин ви нуди супер релаксирачка масажа.

Одличен подарок за поединци и за оние кои работата им е во седечка позиција или поминуваат голем дел од денот во возење! Доаѓа во супер пакување што го прави идеален како подарок.

Кога се монтира на седиштето на вашиот автомобил, едноставно прикачете ја на местото кај што стои запалката(тој приклучок се добива гратис) и прилагодете ја брзината и интензитетот на масажата со жичниот далечински упраувач. Неопходен и супер практичен за долги патувања и долго возење. Исто така препорачливо е користење и  дома додека гледате телевизија, читате книга или едноставно само сакате да се опуштите со релаксирачка масажа на грбот.

Неверојатното чувство на релаксација е надополнето со вградените греачи кој овозможуваат да осеќате пријатна топлина на грбот за време на масажата и со тоа го прави овој производ совршен!

Се што ви преостанува е да го порачите производот и да се ослободите од  стресот кој го создаваат секојдневните обврски и проблеми!  Користете го удобниот далечински управувач за да го изберете нивото на интензитет на вибрации, насочете го кон областите на телото што сакате да ги масирете и пуштете ја или изгасете ја опцијата за греење.